Нова феноменална партија на Јокиќ… (ВИДЕО)

Денвер и Јута запишаа победи во синоќешните натпревари од НБА лигата. Денвер славеше против Оклахома со 119-101 со уште едно феноменално издание на Никола Јокиќ.

Со исклучок на израмнетата прва четвртина, Денвер остатокот од дуелот беше далеку подобар. Разликата во текот на четвртиот период во еден момент изнесуваше и 29 поени, но на крај се сведе на +18.

Јокиќ натпреварот го заврши со 27 поени, 12 скока и шест асистенции, а на другата страна одличен беше Дорт со 20 поени.

Јута со 118-102 триумфираше против Њу Орлеанс. Донован Мичел ја водеше Јута до победата со 28 поени, Џордан Кларксон дополни со 18 поени, додека Зион Вилијамсон на спротивната страна постигна 32 поени.

Се вчитува...