Нова фудбалска магија на Лео Меси (видео)

Лео Меси продолжува да воодушевува со одличните настапи во дресот на Интер Мајами, откако Аргентинецот со маестрално издание синоќа му ја донесе победата на својот тим на најважниот меч од регуларниот дел од сезоната.

Интер Мајами му гостуваше на директниот ривал Колумбус, славејќисо 2-3 токму благодарение на Меси, со што беше осигурано првото место во Источната конференција во пресрет на плејофот. Меси блесна пред самиот крај на првото полувреме, постигнувајќи два прекрасни погодоци во рок од пет минути и трасирајќи го патот до победата на Интер Мајами.

Третиот гол за Интер Мајами беше дело на Луис Суарез, а огромни заслуги за триумфот има и голманот Календер, кој на 20 минути пред крајот го одбрани пеналот на Ернандес.

Се вчитува...