Нова фудбалска магија на Меси: Еврогол и асистенција за триумф на Интер Мајами

Лео Меси се врати на терените по повредата заработена на дуелот со Некакса и аргентинскиот ас веднаш продолжи онаму каде што застана, со маестрална партија предводејќи го Интер Мајами до победи на дуелот со ЛА Галакси.

Интер долго се мачеше да го скрши отпорот на противникот, резултатот на шест минути до крајот гласеше 1-1, кога Меси реши да ги земе работите во свои раце и со фантастичен удар од дваесетина метри донесе радост меѓу домашните фанови.

Тоа не беше и крај на шоуто на Аргентинецот, кој неколку минути подоцна со извонредна асистенција, со пета го проигра Луис Суарез кој ги постави конечните 3-1.

Со оваа партија, Меси сега има 875 гола и 389 асистенции во својата неверојатна кариера, во обид да стане прв во историјата со 900 гола и 400 асистенции зад своето име.

Се вчитува...