Нова фудбалска трагедија: Екс-играч на ПСЖ почина на 40-годишна возраст

Фудбалскиот свет повторно е завиен во црно откако вечерва пристигна шокантна вест за смртта на Модест Ембами, поранешниот камерунски фудбалер кој почина од срцев удар на 40-годишна возраст.

Ембами ќе остане запаметен како еден од ретките фудбалери кои направија трансфер од ПСЖ директно кај омразениот ривал Олимпик Марсеј. Камерунецот тоа го стори по три години минати во дресот на „светците“ од Париз, за во последниот ден од пеодниот рок летото во 2006 година да се пресели на „Велодром“.

Тој беше дел и од олимписката репрезентација на Камерун што сензационално стигна до златен медал на Олимписките Игри во 2000 година, на кои токму Ембами го постигна златниот гол за победа над Бразил.

По заминувањето од Марсеј тој кратко играше во Кина, Саудиска Арабија и во Колумбија, за пред крајот на кариерата да потпише за второлигашот Ле Авр, клуб во кој остана да работи и откако престана со играње фудбал.

Се вчитува...