Нова главоболка за Шарунас Јасикевичиус

Фенербахче се посрамоти во последните два натпревари во Евролигата бележејќи убедливи порази од Монако и Барселона. А, лошата форма не е единствениот проблем кој го има тренерот Шарунас Јасиквичиус бидејќи дел од тимот во следните средби нема да биде Вејд Болдвин.

Американскиот бек кој неодамна се врати од повреда одново се повреди. Засега не е позната сериозноста на повредата, но се шпекулира со проблем со задната ложа кој може да го оддалечи од терените на подолг период.

Болдвин настапи на натпреварот против каталонците, но по само 12 минути мораше да замине во соблекувалната и не се врати на паркетот.

Се вчитува...