Возачот на Ферари, Карлос Сајнц доживеа уште една несреќа, втора за само една недела, откако излета од патеката за време на тренинзите на патеката во Абу Даби. Шпанецот излета и во Лас Вегас, кога го оштети болидот, а речиси идентично сценарио му се случи и денеска на „Јас марина“.
Саинц зализга на патеката, се вртеше неколку пати, по што налета на чакалот и се удри во заштитната ограда. За среќа немашее сериозни последици за Шпанецот, кој од несреќата излезе неповреден.
Трката за Големата награда на Абу Даби се вози во недела и ќе стави крај на оваа сезона во „најбрзиот циркус“.
A scary moment for Carlos Sainz who finds the barriers at Turn 3 👀#AbuDhabiGP #F1 pic.twitter.com/QSH6LwIcZW
— Formula 1 (@F1) November 24, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА