По неверојатната победа од 8-2 против Салернитана во Серија А, фудбалерите на Аталанта одиграа уште еден меч со голем број на погодоци. Тие денеска славеа со 5-2 на домашен терен против Специја во натпревар од осминафиналето во Копа Италија.
Домаќините брзо стигнаа до водство од 2-0 со погодоците на Лукман во 10. и 12. минута. Гостите успеаја да намалат на 2-1 преку Екдал во 14. минута. Повторно до предност од два гола (3-1) тимот од Бергамо го доведе Хатебур во 27. минута, а до полувреме гостите намалија на 3-2 со голот на Верде во 38. минута.Во вториот дел на 4-2 зголеми Хојлунд во 72. минута, додека конечните 5-2 беа поставени со автоголот на Ампаду во 91. минтуа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА