Нова голема глупост на возачите на Мекларен, Ферстапен до победа на спринтот во Остин (ВИДЕО)

Нова голема глупост на возачите на Мекларен ја обележа спринт трката во Остин за големата награда на Тексас. Во првиот круг имаше директен дуел меѓу Оскар Пјастри и Ландо Норис, па откако Австралиецот се удри во својот клупски колега настрада и неговиот тимски колега.

Во лудиот старт настрада и Фернандо Алонсо. На крајот на спринтот победи Макс Ферстапен кој сега ја намали предноста на 55 поени зад Оскар Пјастри. Второто место во спринтот му припадна на Џорџ Расел во Мерцедес, додека подиумот го надополни Kарлос Сајнц во Вилијамс.

Се вчитува...