Тажна вест доаѓа од Србија. За само два дена, двајца млади фудбалери починаа во Србија, што е спортска трагедија каква што оваа земја не памети. Младиот фудбалер Давид Јојиќ почина на 25-годишна возраст.
Веста за неговата смрт ја потврди неговиот поранешен клуб ФК Авала преку објава на социјалните мрежи.
Белградскиот клуб се збогува со поранешниот играч со емотивна порака објавена на Инстаграм.
„Со голема тага се збогуваме со нашиот пријател и поранешен играч Давид. Пронајди го својот мир и почивај во мир“, објавија од Авала со фотографија од младиот фудбалер.
Смртта на Давид Јојиќ е уште една трагедија што го потресе српскиот фудбал за многу краток временски период.
За време на неговата кариера, Јојиќ играше за Авала, каде што беше запаметен како талентиран и вреден играч. Неговата ненадејна смрт ги потресе бројните пријатели, поранешни соиграчи и луѓе од фудбалскиот свет кои почнаа да се збогуваат со младиот фудбалер преку социјалните мрежи.
За жал, ова не е единствената тажна вест што го погоди српскиот фудбал во последните денови. Само еден ден претходно, почина и Петар Вучиниќ, 23-годишен играч на ФК Младост Омољица.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

