Нова голманска „трампа“ помеѓу Челси и Стразбур

Српскиот голман Џорџе Петровиќ ја помина минатата сезона на позајмица од Челси во Стразбур и фантастично се претстави пред француските фанови. Сепак тој се врати назад на „Стемфорд Бриџ“ па францускиот клуб беше приморан да најде негова замена.

Истата повторно доаѓа од Челси. Овој пат на голот на Стразбур ќе застане младиот 19-годишен Мајк Пендерс кој го засили англискиот тим пред самиот крај на преодниот рок во 2024 година, но остана во Генк на едносезонска позајмица.

Јасно е за него дека нема место на „Стемфорд Бриџ“ па шансата за докажување ќе ја бара во Франција. Овој трансфер е логично решение со оглед на тоа што двата клуба се предводени од сопственичката групација на Тод Боели.

Се вчитува...