Нов хир на „лошото момче“ – Кирјос намерно му пушташе поени, па го победи Чориќ!

Австралискиот тенисер, Ник Кирјос го победи Борна Чориќ  со 7-6, 0-6, 6-3 и обезбеди пласман во осминафиналето на турнирот во Синсиснати. Но, и овој пат во сенка на играта беше контроверзното однесување на Кирјос на терен.

Кирјос во претходниот дуел против Денис Кудла ги заборави патиките во соблекувалната, па потоа испраќаше удари низ нозе.

Без неговите егзибиции не помина ни дуелот со Чориќ. Кирјос го доби првиот сет, а потоа вториот го загуби со 6-0. По три загубени гема, одлучи да престане да игра, му ги пушташе поените на Ќориќ и само чекаше да заврши сетот.

„Знаев дека ќе го загубам вториот сет и немаше смисла да трошам енергија. Знаев дека ако го загубам сетот со 6-0 ќе сервирам прв во третиот сет. Тоа на крај се покажа како паметен потег“ – изјави Кирјос.

Во следното коло тој ќе игра со победникот од дуелот меѓу Чанг и Дел Потро.

Се вчитува...