Македонија запиша нова историја за домашниот ММА спорт со освоеното и второ злато на Европското првенство во ММА во јуниорска конкуренција кое се одржува во Белград.
Откако претходно Марко Трајановски се закити со златниот медал, сега и Даниела Алексовска е нова европска шампионка доминантно победувајќи ја во финалето Украинката Анастасија Хордовиска.
Кратко траеше борбата меѓу Алексовска и Хордовска, нашата Даниела уште во првата рунда победи благодарение на еден маестрален зафат, триаголник со нозе. Судијата неизбежно го прекине мечот и додели победа за македонската натпреварувачка
Алексовска со многу емоции го прослави златниот медал, не можејќи да ги сокрие солзите радосници за време на интонирањето на македонската химна.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

