Нова истрага против Модриќ: Затаил данок од два милиони евра!?

Шпанското обвинителство отвори нова истрага против хрватскиот репрезентативец Лука Модриќ под обвинение за затајување данок од 1,2 милиони евра пред шест години кога потпишувал за Реал Мадрид.

Шпанските власти сметаат дека Модриќ мора да исплати данок за цела година, иако во Мадрид тогаш во 2012 година бил само четири месеци бидејќи првите осум месеци од таа година настапуваше за лондонски Тотенхем.

Од претходно, пак,Модриќ беше под обвинение дека во 2013 и во 2014 година затаил данок во висина од 800.000 евра, па вкупната сума за која се обвинува е нешто поголема од два милиони евра.

Капитенот на хрватската репрезентација го обвинѕуваат дека во Луксембург отворил фиктивна компанија со име „Ивано“ на која и ги пренел сите маркетиншки права. Така во 2013 година затаил 290.000 евра данок а во 2014 година – 579.000 евра.

Во моментов, како што пренесуваат шпанските медиуми, Модриќ е во преговори со обвинителството за да избегне затвор. Сака да постигне договор како и Роналдо, Марсело и Жозе Мурињо.

Се вчитува...