Нова истрага за смртта на Марадона – Неговиот шофер меѓу главните осомничени

Истрагата за смртта на Диего Марадона, еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, сè уште трае во Аргентина.

Обвинителите кои работат на случајот наредија истрага против 44-годишниот Максимилијан Тримархи, возач на Марадона. Тримархи сведочеше дека тој не бил во куќата во која починал Марадона, но камерите и податоците од неговиот мобилен телефон го тврдат спротивното.

Тримархи беше возач на Марадона и брат на сметководителот на Диего кој водеше неколку бизниси на славниот Аргентинец. Обвинителот наредил претрес во станот на Тримархи и одземање на неговиот мобилен телефон и лаптоп. На камерите е регистрирано како Максимилијан неколку пати влегува во куќата во која починал Марадона, иако тој негирал за полицијата.

Медиумите од Аргентина објавија фотографии од куќата на Марадона во која тој почина, а за која се вели дека не ги исполнувала условите за сместување и престој на тешко болен пациент.

Инаку, Марадона почина на 61 година од акутен белодробен едем, а истрагата по неговата смрт откри низа неуспеси во третманот откако беше пуштен на домашно лекување по операцијата на мозокот.

Се вчитува...