Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер планира да потпише осум нови фудбалери во следните два предони рока.
„Црвените-ѓаволи“ имаат очајна сезона. Екипата игра лошо, но и покрај тоа Солскјер има доверба од управата на клубот, поради што ќе добие одредена сума на пари за носење на нови фудбалери. Норвежанецот има листа од осум фудбалери, а најголем интерес покажува за двоецот од Лестер, Џејмс Мадисон и Бен Чилвел за кои се очекува да бидат издвоени 130 милиони фунти.
Одбраната треба да ја засили португалскиот стопер Рубен Дијаз, а наводно веќе е постигнат договор со Марио Манџукиќ. Покрај Манџукиќ од Јувентус би требало да стигне и Емре Џан како дел од размената за Пол Погба. Солскјер сака да го доведе и својот сонародник Матијас Норман кој игра одлично во екипата на Ростов.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА