Капитенот на фудбалската репрезентација на Македонија и еден од најдобрите фудбалери кои ги имаме во последната деценија, Енис Барди продолжува со одличните партии за својот Коњаспор во турскиот шампионат.
Нашиот капитен повторно е најдобар фудбалер на својот тим. Одличната игра Барди против Аланијаспор ја круниса со прекрасен погодок за 1-1 во 51. минута. Капитенот на Македонија одлично ја прими топката во противничкиот шеснаесетник и на филигрански начин ја начна мрежата на Аланијаспор.
🎥 GOAL | 51′ Enis Bardhi equalizes score.
🇹🇷 Konyaspor 1-1 Alanyasporpic.twitter.com/qKinTEqn0p
— Goals Xtra (@GoalsXtra) September 13, 2025
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

