Нова „магија“ на Меси – Аргентина 35 натпревари без пораз (ВИДЕО)

Фудбалската репрезентација на Аргентина успеа и во 35 натпревар во низа да остане непоразена, откако синоќа во контролен натпревар славеше над Јамајка со 3-0.

Повторно во центарот на вниманието беше Лионел Меси, кој иако играше само 35 минуги го одбележа овој натпревар.

Капитенот на Аргентина во 87. минута постигна гол за 2-0, а само две минути подоцна ги постави конечните 3-0 со „магија“ од слободен удар. Претходно водство на „гаучосите“ од 1-0 донесе Алварез уште во 13. минута.

Argentina [3] – 0 Jamaica – Lionel Messi free-kick 89′ from soccer

Се вчитува...