Барселона мина уште една пречка во борбата за титулата во Ла Лига, триумфирајќи со 2-1 на дуелот против Хетафе. Гостите допатуваа на „Камп Ноу“ како тим што го одликува одлична игра во одбраната, но не успеаја да ги запрат налетите на домаќините.
Хетафе има за што да жали бидејќи го постигна првиот гол на мечот, но истиот беше поништен со ВАР, поради прекршокот на Нјом над Умтити при самото изведување на корнерот. Тој момент како да ги разбуди каталонците, кои заиграа одлично. Првиот гол го постигна Гризман по една магична асистенција на Лионел Меси, а на 2-0 зголеми Серхио Роберто.
Хетафе успеа да намали во вториот дел, а потоа при 2-1 Тер Штеген со извонредна ракометна интервенција, со една рака спречи гостите да стигнат до израмнување.
Барселона и Реал Мадрид сега се на делба на првото место на табелата со по 52 бода, но „кралевите“ утре го играат својот меч од ова коло, на домашен терен против Селта.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

