Македонската кошаркарска репрезентација со нов триумф уште еднаш ја потврди решеноста да сврти нов лист и да го остави зад себе ланскиот разочарувачки настап што ги доведе „црвено-жолтите“ на работ на амбисот. Јорданчо Давитков одлично го реализира зацртаното за стартот – создавање на победничка атмосфера пред почетокот на претквалификацискиот циклус.
Победата е уште позначајна ако се знае дека е забележана без Џордан Теодор, чие отсуство беше надополнето со фантатична борбеност во одбраната.
Простор за напредок секако има, но радуваат првите сигнали што ги праќа оваа „Нова Македонија“, далеку поведра и поперспективна од онаа ланската.
[new_royalslider id=”719″]
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА