Нова „монструозна“ партија на Леброн (ВИДЕО)

Кошаркарите на Лос Анџелес лејкерс славеа на домашен терен против Хјустон рокетс со 140-132 во последниот натпревар кој беше дел од традиционалниот ден во НБА лигата во кој му се дава почит на Мартин Лутер Кинг.

Неверојатниот Леброн Џејмс и на 39 години го воодушевува светот, а натпреварот против рокетс го заврши со 48 поени надополнети со осум скока и девет асистенции. Кај поразените Алперин Шенгун заврши со 33 поени.

Во мечевите кои беа одиграни претходната вечер: Шарлот – Бостон 118-130, Милвоки – Индијана 132-119, Кливленд – Њу Орлеанс 113-103, Њујорк – Торонто 121-123, Вашингтон – Голден Стејт 118-127, Атланта – Мајами 121-113, Минесота – Јута 125-126 и Мемфис – Феникс 136-106.

Се вчитува...