Нова МВП партија на Шеј Гилџс Александер во победата на Оклахома (ВИДЕО)

Кошаркарите на Оклахома сити тандер продолжуваат со одличните партии сезонава во НБА лигата. Оклахома синоќа без поголеми проблеми на домашен терен славеше против Хјустон рокетс со 137-128.

Повоторно најдобар на теренот за Тандер беше Шеј Гилџс – Александер кој натпреварот го заврши со 51 поен. Кај поразените Рид Шепард уфрли 25 поени.

Далас маверикс претрпе нов пораз од Сакраменто кингс 98-122, но го загуби и Кајри Ирвинг кој поради повреда уште во првото полувреме мораше да го напушти паркетот.

Во останатите мечеви од синоќешната понуда: Филаделфија – Портланд 102-119, Шарлот – Голден стејт 101-119, Мајами – Вашингтон 106-90, Мемфис – Атланта 130-132 и Јута – Детроит 106-134.

Се вчитува...