Српскиот кошаркарски интернационалец Никола Јокиќ одигра уште еден натпревар на МВП рамниште во победата на неговиот Денвер Нагетс над Мемфис Гризлис од 113-97 во дербито на вечерта во НБА лигата.
Јокиќ забележа нов трипл-дабл во кариерата откако мечот го заврши со 18 поени, надополнети со исто толку скока и 10 асистенции. Кај поразените недоволни беа 27 поени на Жа Морант.
Лос Анџелес Клиперс забележаа нов пораз по доаѓањето на Расел Вестбрук во тимот откако минимално беа поразени на гостувањето кај Сакраменто Кингс со 128-127. Деарон Фокс со 33 поени беше прво име во таборот на победникот, додека кај поразените Пол Џорџ заврши со 28 поени.
Во останатите мечеви од синоќешната понуда: Шарлот – Орландо 106-117, Атланта – Портланд 129-111, Бостон – Бруклин 105-115, Мајами – Њујорк 120-122, Чикаго – Феникс 104-125, Оклахома – Јута 130-103, Голден Стејт – Њу Орлеанс 108-99 и ЛА Лејкерс – Минесота 102-110.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

