Нова надеж – Олимписките прстени се вратени во Токио

Нова надеж и уште поголема радост за спортската јавност, олимписките прстени денес се вратени во Токио со нова боја, а истите треба да го осветлуваат градот на соништата.

Прстените од 69 тони беа поставени во заливот Одаиба на почетокот на годината кога Токио започна да ги одбројува деновите до почетокот на Летните олимписки игри, пред да се одложат во март поради пандемија на коронавирус, па истите беа отстранети во август заради одржување и проверка.

„Напорно работевме за да организираме Олимпијада каде луѓето ќе се чувствуваат безбедно“, рече градскиот службеник Атсуши Јанашимизу.

Олимписките прстени се вратени во Токио, а властите се надеваат дека симболот ќе значи и враќање на ентузијазмот за одложените Олимписки игри и нивно конечно реализирање.

Се вчитува...