Нова награда: Салах пак е број 1 во Африка

Мохамед Салах е главниот лауреат на денешното доделување на наградите за најдобрите африкански фудбалери што се одржува во Дакар, Сенегал.

Асот на Ливерпул апсолутно заслужено ја доби наградата за најдобар фудбалер од „црниот континент“, што е второ признание во низа за Салах откако се закити со истото и за 2017 година. Тој имаше извонредна сезона во дресот на „црвените“, предводејќи го Ливерпул до финалето во Лигата на шампионите, па заслужено собра далеку повеќе гласови од ривалите, Садио Мане од Ливерпул и Пјер Емерик Обамејанг од Арсенал.

Овие тројца фудбалери го предводеа и африканскиот тим на годината, во кој се најдоа уште неколку ѕвезди на африканскиот фудбал како Кулибали, Кеита, Марез…

Признанието за најдобар млад африкански фудбалер за 2018 година замина во рацете на дефанзивецот на Борусија Дортмунд, Ашраф Хакими, кој летово се пресели во Германија од редовите на Реал Мадрид.

Се вчитува...