Нова непријатност за Иличиќ, отстранет од првиот тим на Марибор

Најдобриот словенечки фудбалер во последните 15 години Јосип Иличиќ, се соочи со нова непријатност. Откако во 2022 година Аталанта му го раскина договорот, и тој се врати во Марибор, сега словенечкиот тим го суспендираше од првата екипа.

Иличиќ имаше проблеми со депресијата во 2020 година, по што во 2022 година се врати во Словенија и ја доби капитенската лента на Марибор.

Од тимот не ги соопштија причините за отстранувањето на Иличиќ.

„Марибор на иницијатива на тренерот донесе одлука во иднина активностите на клубот да се одвиваат без Јосип Иличиќ. До понатаму тој ќе тренира независно и нема да биде меѓу фудбалерите кои ќе конкурираат за следните натпревари“, стои во соопштението на клубот.

 

Се вчитува...