Уште една несреќа го потресе денеска фудбалскиот свет. Фудбалерот на Албасете, 27-годишниот Пелајо Ново, панда од третиот кат на хотелот во кој престојуваше со својот тим во пресрет на натпреварот со Хуеска. Се уште не се знае колку се сериозни повредите со кои се здоби фудбалерот по падот.
Натпреварот меѓу Хуеска и Албасете во втората шпанска лига беше откажан поради несреќата.
Според шпанските медиуми, фудбалерот на Албасете паднал од третиот кат во дворот на хотелот Аба во Хуеска во кој престојувал тимот пред дуелот што требаше да се одигра вечерва во 20 часот. Засега се уште не е познато како се случила несреќата.
На Ново први на помош му притекнале соиграчите Рубен Мино и Нестор Суасета, а набрзо по инцидентот пристигнала и брзата помош и фудбалерот е пренесен на лекување во болницата во Сарагоса. Од клубот информираа дека играчот е во стабилна состојба и не е во животна опасност, но се уште не се значе точно со какви повреди се здобил по теѓкиот пад.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА