Францускиот клуб Шамбери го суспендира десниот бек Амин Банур до крајот на сезоната поради нелегално обложување. Суспензијата доаѓа по предупредувањето што стигнало од Регулаторното тело за онлајн обложување во Франција по што е покрената истрага и во француската ракометна федерација.
Тунискиот репрезентативец се обложувал на ракометни натпревари, но не на натпреварите на Шамбери. Сепак, според француските прописи тоа е прекршување на спортските правила во професионалниот ракомет.
Во Френција пред неколку години беше актуелна уште една обложувачка афера во која беа инволвирани неколку тогашни ракометари на Монпелје меѓу кои и француските репрезентативци Никола и Лука Карабатиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

