Синот на Леброн Џејмс и нов кошаркар на ЛА Лејкерс, Брони имаше уште една ноќ за заборав во Летната лига.
Во поразот од Бостон Селтикс 88-74, 55. пик од неодамнешниот драфт постигна два поени (1/5 од поле), имаше три скока и една асистенција за 25 минути.
Тој ги промаши сите три шута за три, а сега е 0/15 од оваа далечина. Колку лошо изгледаше на теренот најдобро говорат зборовите кои ги кажа Џејлен Браун, шампионот во НБА со Селтикс, мислејќи дека никој не го гледа.
„Мислам дека Брони не е професионалец“, рече Браун, мислејќи на тоа дека помладиот Џејмс сè уште не е подготвен за НБА.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА