Македонскиот голман Столе Димитриевски и неговиот Рајо Валекано ставија крај на серијата од три натпревари без победа откако во 25. коло ремизираа против големиот Реал Мадрид на домашен терен со 1-1.
„Кралевите“ поведоа уште до 3. минута преку Јоселу, но славјето на гостите траеше само до 27. минута кога по игра со раката во шестнаесетникот беше досуден пенал за Рајо. Истиот го реализираше Де Томас за 1-1, резултат кој остана на семафорот до самиот крај.
Во судиското продолжение од второто полувреме Реал Мадрид остана и со играч помалку откако Дани Карвахал заработи црвен картон.
Репрезентативецот Димитриевски имаше уште еден извонреден настап забележувајќи значајни одбрани за второ реми во сезоната против Реал Мадрид.
Great save from Stole Dimitrievski to deny Joselu 🧤🇲🇰pic.twitter.com/BbV8zsawXr
— LaLigaExtra (@LaLigaExtra) February 18, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

