Македонскиот репрезентативец Војдан Стојановски продолжува со одличните партии во дресот на Гравелин Динкерк во францускиот шампионат.
Стојановски повторно беше најдобар во својот тим, постигнувајќи 16 поени во поразот од Монако (63-79). За 29 минути игра, македонскиот кошаркар има 5 од 6 во обидите за два поени, еден од три за три поени и од 3/3 од линијата за слободни фрлања. На сето тоа дополнето и со пет скока.
Сепак, Гравелин ниже порази, вкупно 16-ти сезонава, па го очекува тешка битка за опстанок.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА