Нова пауза за Влатко Чанчар

На кошаркарот на Денвер нагетс, Влатко Канчар, му беше извршена артроскопска операција на левото колено, соопштија од клубот од Колорадо.

Словенечкиот репрезентативец, ќе отсуствува од НБА паркетот најмалку осум недели, колку што трае процесот на опоравување.

Чанчар се повреди на 19. ноември за време на натпреварот со Мемфис. Тој веќе ја пропушти целата минатата сезона поради повреда на коленото.

Словенечкиот кошаркар оваа сезона одигра само четири натпревари за Денвер. Чанчар е член на Нагетс од 2019 година, а претходно играше за Бургос, Мега и Олимпија.

Се вчитува...