Италијанската скијачка Софија Гоџа продолжува со доминацијата во брзите дисциплини во сезоната во алпско скијање. По вчерашниот триумф во спуст трката во францускиот Вал Д’изер таа денеска беше најбрза и на супервелеслаломот.
До победата Гоџа стигна со време од 1:19.23 минута, што беше за 33 стотинки подобро од второпласираната Рагилд Мовинкел од Норвешка. Третото место и припадна на втората Италијанка, Елена Куртони која доцнеше зад време на сонародничката 51 стоти дел од секундата.
Во генералниот пласман Гоџа ја зголеми предноста пред Микаела Шифрин која на денешната трка заврши на петтата позиција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА