Дејан Манасков и Филип Талески прославија уште една победа со тимот на Рајн Некар Левен. Во 30.коло од Бундеслигата, „лавовите“ од Манхајм на домашен терен го победија Штутгарт со 30-21 и одново се вратија на лидерската позиција во Бундеслигата со еден бод предност пред Фленсбург.
Рајн Некар Левен доминираше на теренот од почеток до крај. По првите 30.минути домаќините имаа предност од 15-11, а во вториот дел успеаја и да го удвојат водството и на крај очекувано ги освоија бодовите.
Хендрик Пекелер со максимални шест гола од шест обиди беше најефикасен во составот на Рајн Некар Левен. Манасков и Талески не се запишаа во листата на стрелците на овој меч.
На четири кола пред крајот на првенството, се уште е неизвесна разврската во борбата за шампионската титула. Многу појасно ќе биде по одигрувањето на дербито на врвот во следнто коло во кое Рајн Некар Левен му гостува на Фленсбург.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА