Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски успешно ја помина и втората пречка на ИТФ фјучрсот во Мадрид, вреде 25.000 долари.
Македонскиот тенисер во 2. коло беше подобар од домашната надеж Џон Ечеверија со максимални 2-0, по сетови 7-6 и 7-5. Во првиот сет иако Ивановски имаше предност од брејк, тој сепак влезе во неизвесна завршница која во своја полза со 11-9 во тај-брејк ја реши нашиот тенисер.
Во вториот сет продолжи големата битка, па клучен беше брејкот во 11 гејм. Во 3. коло Ивановски ќе игра против првиот носител на турнирот Морено де Алборан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

