Макс Ферстапен стигна до нова пол-позиција во кариерата откако во недела ќе стартува од првиот ред на трката за големата награда на Катар.
Друштво во првиот ред на акутелниот шампион кој веќе утре на спринт трката може да ја потврди третата титула ќе му прави Ландо Норис во Мекларен. Од вториот ред ќе стартуваат Расел во Мерцедес и Пјастри во Мекларен.
Во топ 10 уште се најдоа и: Хамилтон, Алонсо. Леклер, Гасли, Окон и Ботас.
Нови катастрофални квалификации имаше Серхио Перез кој заврши на 13. позиција, додека само место погоре е еден од возачите на Ферари, Карлос Сајнц.
Трката за големата награда на Катар е закажана за во недела, а утре ќе се вози спринт-трката.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА