Нова пол-позиција за Ферстапен во Ф1

Макс Ферстапен ќе тргне од пол-позиција на трката за големата награда на Италија која се вози во Имола. Холанѓанецот иако имаше многу проблеми на тренинзите, сепак на крајот повторно беше најдобар кога беше најпотребно и стигна до нова пол-позиција во Формула 1 шампионатот.

Друштво од првиот ред ќе му прави возачот на Мекларен, Оскар Пјастри, додека неговиот клупски колега Ландо Норис, заедно со возачот на Ферари Шарл Лелкер ќе тргнат од втората стартна позиција.

Во топ 10 се најдоа уште и: Сајнц, Расел, Цунода, Хамилтон, Рикардо и Хулкенберг. Трката за ГН на Италија е закажана за утре со почеток во 15 часот.

Се вчитува...