Актуелниот трикратен шампион Макс Ферстапен стигна и до втората пол-позиција сезонава во Формула 1 откако беше најбрз во квалфикациите за големата награда на Саудиска Арабија.
Холанѓанецот до пол-позицијата стигна пред возачот на Ферари, Шарл Леклер. Од вториот стартен ред на утрешната трка ќе стартуваат Серхиио Перез во Ред Бул и Фернандо Алонсо во Астон Мартин. Во топ 10 уште се најдоа и: Пјастри, Норис, Расел, Хамилтон, Цунода и Строл.
Замената за Карлос Сајнц кој поради операција на слепото црево ќе ја пропушти оваа трка, младиот возач на Ферари Олвер Берман ќе стартува од 11. место на гридот на утрешната трка која е закажана за во 18 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА