Италијанскиот калчолигаш Интер ќе испрати нова понуда до Манчестер Јунајтед за услугите на Ромелу Лукаку која ќе изнесува 60 милиони фунти плус бонуси, пренесуваат британските медиуми.
Тимот од „Олд трафорд“ досега го одбиваше Интер бидејќи не сака да го ослободи Белгиецот за сума помала од 80 милиони, но парите да не бидат исплаќани на рати, со што тимот од Милано не се сложи. Како би успеале да постигнат договор двете екипи Интер ќе му исплати на Јунајтед 60 милиони фунти, а останатите ќе бидат пресметани во бонуси, доколку тимот од „Џузепе Меаца“ има успешна сезона.
Лукаку не беше дел од тимот на Манчестер на првиот подготвителен натпревар сезонава против екипата на Перт, со што уште повеќе ги зголемува шпекулациите за неговото заминување од „Олд трафорд“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА