Баерн Минхен испрати втора примамлива понуда до Јувентус и е многу близу до комплетирање на трансферот на дефанзивецот Матијас де Лихт.
Според италијанските медиуми, трансферот е прашање на време. Двата клуба преговараат веќе подолго време, а првата понуда на Баварците од 75 милиони евра беше одбиена, бидејќи Јувентус за слободата на Де Лихт бара 90 милиони евра.
Втората понуда од Баерн изнесува 80 милиони евра плус бонуси, па двете страни се блиску до договор. Де Лихт веќе ги договорил личните услови со Баерн Минхен за 5-годишна соработка и на „Алијанц Арена“ годишно ќе заработува 10 милиони евра по сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА