Нова повреда и крај на сезоната за првиот пик на драфтот во 2017 година (ВИДЕО)

Кошаркарот на Орландо, Маркел Фултц мака мачи со повреди. За првиот пик на драфтот во 2017 година оваа сезона е завршена откако на дуелот против Кливленд во првата четвртина по пробив кон обрачот лошо згазна на ногата со што се здоби со скинати лигаменти на коленото.

 

По натпреварот се огласи и самиот играч, за кој ова е втора повреда по првиот настап во НБА лигата. Во првата сезона имаше повреда на рамото, додека истата го одалечи од паркетите и во претходната сезона кога настапуваше за Филаделфија.

„Ви благодарам за вашите мисли и молитви во ова тешко време. Бог има план за мене и знам дека оваа ситуација ќе ме направи посилен за тоа што следи. Верувам во моите браќа во овој тим и знам дека имаме нешто да докажеме. До сите фанови, продолжете да верувате во нас. Ќе бидам целосно посветен на рехабилитацијата и ќе бидам најдобар соиграч во времето кое следи“ – напиша Фултц на својот Твитер профил.

Се вчитува...