Џереми Фримпонг без конкуренција е најмалерозниот фудбалер на Ливерпул сезонава откако холандскиот ас ја заработи и четвртата повреда на мускул на ногата, поради што извесен период нема да може да му биде на располагање на Арне Слот.
Тој влезе во игра во второто полувреме од синоќешниот пријателски меч меѓу Холандија и Еквадор, но на теренот мина само десетина минути, по што самиот побара замена и веднаш се упати кон соблекувалната.
Селекторот Куман веднаш по мечот потврди дека причината е повреда, а Фримпонг по деталните лекарски прегледи кога би можел повторно да се врати на фудбалските терени.
Холандскиот интернационалец сигурно ќе го пропушти претстојното четвртфинале од ФА Купот на Англија во кој Ливерпул ќе му гостува на Манчестер Сити. За овој дуел Ливерпул ќе биде и без првиот голман Алисон Бекер, но добра вест е што Салах ги надмина проблемите со повредата и е најавен како стартер за пресметката на „Етихад“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

