Еден од лидерите на Рома, Паоло Дибала се соочува со нова повреда поради која го очекува нова пауза. Аргентинскиот репрезентативец нема да настапи на денешниот натпревар против Сасуоло во Серија А, но добра вест за навивачите на Рома е тоа што следи репрезентативна пауза.
Истата со сигурност ќе ја пропушти Аргентинецот кој нема да му биде на располагање на селекторот Скалони за пријателските натпревари против Ел Салвадор и Костарика и ќе остане во главниот град на Италија со цел да го забрза процесот на рехабилитација.
Очекувањата се дека Дибала ќе биде надвор од терените две недели, а тренерот Даниеле Де Роси се надева дека 30-годишникот ќе му биде на располагање на градското дерби против Лацио на 7. април.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

