Кошаркаркиот клуб Црвена Звезда на денешниот натпревар против Жалгирис нема да може да смета на услугите на еден од најдобрите кошаркари, Милош Теодосиќ, пренесуваат српските медиуми.
Искусниот 36-годишен бек повторно се мачи со повреда и ќе го прескокне натпреварот против литванскиот претставник во Евролигата.
Како потсетување, Теодосиќ се пожали на повреда и по натпреварот против Партизан во најсилното кошаркарско првенство, но со оглед на значењето на следните натпревари за исполнување на амбицијата и пласман во плеј-офот, „стисна заби“ и беше дел од тимот.
Србинот оваа сезона бележи просек од 10.0 поени, 5.7 асистенции и 2.1 скок по натпревар со просек од 22 минути поминати на теренот па неговото отсуство ќе биде голем проблем за српскиот тим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА