Нема крај на проблемите со повредите на Барселона од почетокот на тековната сезона.
Откако повредија Жоан Гарсија, се повреди и Пабло Гави, Рафиња, Фермин Лопез, а се повреди и Ламин Џамал, а отсуствува и Дани Олмо.
Шпанецот отпатува во кампот на репрезентацијата со блага болка во мускулите, и покрај советот од медицинскиот тим на Барселона да ја пријави повредата и да остане во Каталонија. И покрај ова, Олмо со болки отпатува со националниот тим, и по неколку дена ја влоши ситуацијата и сега ќе мора да паузира помеѓу три и четири недели.
Ова е голем проблем за Ханси Флик поради споменатите повреди на Фермин Лопез и Рафиња, кои сепак треба да бидат подготвени по репрезентативната пауза, односно до „Ел Класико“ закажано за 26 октомври.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

