Карло Анчелоти има се поголеми проблеми околу составот на Реал Мадрид откако на листата повредени фудбалери се најде и Хоселу. Шпанскиот напаѓач се повреди на последниот дуел со Рајо Валјекано, во последните неколку дена не тренираше, а лекарските прегледи покажаа дека проблемот не е нималку наивен и дека шпанскиот голгетер ќе мора да паузира најмалку три седмици од фудбалските терени.
Хоселу беше најавуван како стартер откако Белингем се повреди и Анчелоти веќе не практикуваше тактика со „лажна деветка“. Сепак, по најновата повреда стратегот на Реал Мадрид ќе мора да крои нова тактика за наредните натпревари против Севилја и Валенсија.
Добра вест е дека пред дуелот со Севилја својот камбек на тренинзите го имаше Антонио Ридигер, но Анчелоти сепак ќе биде без бројни првотимци, па така на листата отсутни играчи се наоѓаат Куртоа, Милитао, Алаба, Карвахал, Камавинга, Белингем и Хоселу.
„Кралевите“ се првопласирани на табелата во Ла Лига со шест бода предност пред Џирона и „плус осум“ во однос на Барселона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

