Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски објави дека повторно ќе мора да паузира од тениските терени поради повреда.
Тој на социјалните мрежи објави дека поради нова повреда ова е крај на сезоната за него.
„Ќе го пропуштам остатокот од сезоната поради повреда. Фокусиран сум на опоравување и на тоа да се вратам посилен. Ви благодарам на сите за поддршката“, објави Ивановски.
И лани тој имаше долга пауза, тогаш поради повреда на колкот кој го оперираше во јуни 2024 година. По пауза од седум месеци се врати на терените, имаше забележителни настапи, но сега ќе мора да се подготви за идната сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

