Голманот на Баерн Минхен, Мануел Нојер, нема среќа со повредите оваа сезона. Само неколку меча откако се врати на голот, повторно се повреди. Тој заработи повреда на слабините на вчерашниот меч против Фортуна Диселдорф. Мораше да ја напушти играта во 53.минута и на негово место влезе Свен Улрих.
Нојер во текот на денешниот ден ќе ги мине деталните медицински прегледи, по што ќе биде познато и колку ќе мора да паузира. Многу веројатно дека ќе пропушти два меча во битката за титулата во Бундес-лигата.
На повреда во составот на Нико Ковач се жали и Матс Хумелс. Тој заработи истегнување на бутниот мускул.
Баерн Минхен има еден бод предност во однос на Борусија Дортмунд во трката за титулата, а во следното коло баварскиот гигант ќе го пречека тимот на Вердер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА