Тренерите од Евролигата од следната сезона ќе имаат право на два челинџа по натпревар. Ова е промена од претходната видео проверка, која честопати беше недоволна.
Веста ја потврди тренерот на Жалгирис, Казис Максвитис во интервју за клупската телевизија. Да потсетиме, минатата недела Евролигата воведе ново правило кое подразбира дека еден од судиите ќе се сретне со капитените пред натпреварот и ќе се консултира за претстојниот натпревар.
На тие средби ќе се разговара за примената на правилата, како и за сите други важни теми за самата игра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА