Навивачите на Милан беа и повеќе од бесни кога голманот Џанлуиџи Донарума летово го напушти клубот и потпиша за ПСЖ. Откако „светците“ оваа сезона испаднаа од Реал Мадрид во осминафиналето во Лигата на шампионите, започнаа многу трансфер приказни.
Веќе долго време се зборуваше за трансфер на Мбапе во Реал Мадрид, а потоа се шпекулираше за враќање на Меси во Барселона и заминување на Нејмар. Странските медиуми сега ја пренесуваат веста дека италијанскиот голман Џанлуиџи Донарума би можел да го напушти клубот на лето и пвоторно да се врати во Серија А.
Имено, поранешниот голман на Милан не се вклопи во Франција каде го подели стартниот состав со Кејлор Навас и сега сериозно размислува за враќање во Италија. Доколку се врати во Серија А, нема да го гледаме во Милан, клубот кој го формираше, туку во ривалот Јувентус!
Поранешниот италијански шампион го сака Донарума, а проблем може да биде неговата огромна плата, пишува „Газета дело Спорт“. Да потсетиме, неодамна спортскиот директор на Салернитана, Валтер Сабатини го критикуваше неговиот трансфер во ПСЖ, а воедно и на Влаховиќ во Јувентус.
„Одлуката на Влаховиќ да замине во Јувентус беше гнасна. Како можеш да бидеш толку нечесен кон клубот кој верува во тебе? Истото важи и за Донарума кој го напушти Милан и отиде во ПСЖ. Тука до израз доаѓаат човечките квалитети”.
Летото е пред нас, па останува да видиме дали Донарума ќе направи ново предавство за својот екс-клуб Милан и како на тоа ќе реагираат навивачите на поранешниот европски првак.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА