Кошаркарите на Блокотехна стигнаа до нов триумф во БИБЛ-лигата, откако славеа против екипата на Барси со резултат 70-83. Македонскиот тим веќе обезбеди место на Ф4 завршницата, но избраниците на Илиевски продолжуваат во победнички ритам и на оваа средба против тимот со најслаб скор во лигата.
Блокотехна ја доби првата четвртина со 19-24 и го контролираше резултатот речиси цел натпревар, освен во третиот период кога Барси направи серија и за момент стигна до предност. Сепак, тоа беше доволно предупредување за тимот од Гевгелија повторно да влезе во препознатливиот ритам и да стигне до нов триумф во регионалното натпреварување. На помалку од две минути до крајот резултатот гласеше 70-74, за Блокотехна да го заврши мечот со серија од девет поени во низа и двоцифрена победа.
Мијатовиќ повторно беше главна фигура кај македонскиот тим со 25 поени, додека Брендон Пен стигна до дабл-дабл од 20 поени и 11 скокови, а капитенот Главчев реализираше осум поени и седум асистенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА